Facebook одлучува кои убиства може да ги видите

Алгоритмите за отстранување на несоодветна содржина на Facebook во најмала рака се чудни, и често, според Motherboard, се и контроверзни.

Причината за оваа дебата е што видеото во кое се гледа како полицаец пука и го убива Филандо Кастил од Минесота, беше брзо отстранета од социјалната мрежа. Овие содржини иако се достапни на безбројни сајтови на веб, сепак се вознемирувачки за огромен дел од корисниците дури и ако ги гледате со претходно предупредување. Но, еден час откако го отстрани, Facebook се реши да го врати видеото, најверојатно под притисок од јавноста која сакаше да го искористи убиството за дебата околу расното профилирање и полициската бруталност во САД.

Почудно беше што имаше изговор дека социјалната мрежа имала технички проблеми, па поради ова видеото е отстрането. По враќањето видеото доаѓа со предупредување дека содржината е со графички карактер и дека може да ги вознемири гледачите.

Ова не е единствен случај во кој социјалната мрежа е обвинета дека цензурира содржини. Претходно неколку групи поддржувачи на претседателскиот кандидат Берни Сандерс ги обвинија дека биле блокирани, а истото го тврдат и поддржувачи на филипинскиот политичар Родриго Дуере.

Дополнително изгледа дека социјалната мрежа воопшто и не е подготвена за видеата во живо. Некој пат остава неприфатливи содржини како убиства, некој пат ги цензурира комплетно. Ова не е изненадување, со оглед на тоа дека слични се правилата и за отстранување на говор на омраза и поттикнување на насилство. Се чини дека главен параметар за отстранување на содржина на социјалната мрежа останува бројот на пријави од корисниците, а не карактерот на содржина која е споделена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии