Facebook: Зукерберг им се извини на корисниците

“Го основав Facebook на идеја дека луѓето ќе сакаат да споделуваат и да се поврзуваат со блиските, но за да го направат ова, секој треба да има комплетна контрола врз тоа со кого и што споделуваат во секое време.” – вака го почна своето извинување до корисниците Марк Зукерберг, откако FTC (федерална агенција за заштита на потрошувачите) го обвини Facebook дека лажно им гарантирал приватност на своите корисници и несоодветно ги искористувале податоците.

FTC на Facebook им посочи неколку доста сериозни грешки кои тие досега ги имаат направено, како:

  • Воведување на нови функции во декември, 2009 на сајтот кои автоматски им ги направиле јавни “заштитените” податоци на корисниците без пред тоа да објават било какво предупредување.
  • Овозможување на пристап до повеќе од само основни информации на девелоперите на апликации.
  • Лажно тврдење дека програмата “Verified Apps” ја проверува и гарантира сигурноста на самите апликации, кога воопшто Facebook не го правеле тоа.
  • Ветување на корисниците дека нема да ги споделува нивните лични информации со маркетинг агенции, кога всушност Facebook го правел тоа.
  • Лажни ветување дека нивните стандарди на приватност се соодветни со барањата на актите за заштита на личните податоци во САД и во ЕУ.

До спогодбата помеѓу двете страни дојде вчера, а истата бара од Facebook да ги почитува правата на корисниците и да преземе дополнителни активности кои ќе обезбедат на корисниците поголема контрола врз нивните лични податоци.

Спогодбата го обврзува Facebook:

  • Јасно и гласно да ги истакне правилата околу приватноста на информациите
  • Да бара од корисниците дозвола пред да воведе некои промени кои можат да им ги променат подесените опции за приватност
  • Да ги чува избришаните податоци на корисниците само 30 дена по нивното бришење, а потоа целосно да ги отстрани од своите сервери.
  • Да воспостави нов програм за приватност кој дополнително ќе овозможи заштита на приватноста на личните податоци.
  • Во следните 180 дена, и на секои две години во следните 20, да најмува консултанти кои ќе вршат проверка и анализа на системите по стандардите на FTC.

Целото извинување од основачот на Facebook ќе го пронајдете на следниов линк.

3 коментари на “Facebook: Зукерберг им се извини на корисниците

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии