Facebook заврши со надградбата на Messenger, криптирани пораки се достапни за сите

Комуникациите на Facebook Messenger сега може да се криптираат. Компанијата заврши со надградбата на апликацијата кај сите 900 милиони корисници последниве неколку недели, откри портпаролот на Facebook за Wired.

Функционалноста е наречена „Secret Conversation“ и ќе овозможи конверзацијата помеѓу двајца соговорници да може да биде прочитана единствено од нив двајцата. Податоците од разговорот нема да му бидат познати на никој друг, ниту во Facebook, ниту од агенциите. Надградбата е достапна и за iOS и за Android.

secret-conversations-100670631-orig

По надградбата на апликацијата, функционалноста за тајните пораки е во десниот агол во новите пораки. Корисникот може да одбере колку долго ќе траат овие пораки, од 5 секунди, до еден ден.

Безбедностa на пораките е клучна во последно време. Дел од агенциите постојано бараат пристап до податоци на корисниците, а приватноста е корисниците е од исклучителна важност. Судејќи по искуството со WhatsApp во Бразил, Facebook не може и не сака да ги прикаже пораките на своите корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии