Facebook започна со бришење на лажните лајкови

После најавата дека ќе ги бришe корисниците со лажни имиња, Facebook се одлучи и да ги елиминира лажните „лајкувања“ на страниците на брендовите.

Се очекува помалку од еден процент од лајковите да бидат отстранети. Воглавно се работи за багови со Like-от и купувањето на лајкови од лажни профили, а најголема жртва во оваа акција беше Texas HoldEm Poker од чија фан страница беа отстранети 96.000 лајкови или 0,15 посто.

Исто така и голем дел од страиците на познатите личности се соочуваат со губиток на бројот на лајкови. Страницата на Лејди Гага е олеснета за 34.000 лајкови, Шакира – 26.000 и Ријана со 28.000 лајкови.

Покрај оваа акција, од Facebook инсталираа и нов систем за заштита кој ќе ги детектира лажните лајкови. Со новиот систем се смета дека компаниите ќе имаат поточни податоци за своите фан страници и според тоа да одлучуваат каква маркетинг стратегија ќе им треба.

1 коментар на “Facebook започна со бришење на лажните лајкови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии