Додавањето на „dislike“ копче на најголемата друштвена мрежа најверојатно е гласината која одамна се појавува. Конечно друштвенaта мрежа започна да ја тестира оваа функционалност, за жал, не нa Facebook, туку на Messenger.
Новата функционалност ќе овозможи набрзина да вратите на некоја порака со емотикон. „Dislike“ нема да има специјално копче туку ќе доаѓа во емотиконите. Новиот емотикон е во тест фаза и се појавува кај дел од корисниците, јави TechCrunch.
„Постојано тестираме нови начини да го направиме Messenger позабавен и поинтересен. Ова е само мал тест во кој луѓето можат да споделат емотикон кој најдобро ги опишува нивните чувства во пораката.“, вели портпаролот на Facebook.
Иако корисниците на Facebook долго време бараа „dislike“ копче, не го добија со реакциите. Причината за ова најверојатно е стравот на друштвената мрежа од реакцијата на брендовите.

Image: TechCrunch
Facebook се обидува да интегрира куп работи во платформите. Комуникацијата со Messenger веќе е супер едноставна, а новиот емотикон може само да ја забрза. Сепак, главната причина за користење на Messenger не се функционалностите, туку тоа што сите кои ги познавате се тука.