Facebook забрани продажба на оружје

Нема повеќе страни за продажба на оружје на најголемата социјалната мрежа и Instagram. Не станува збор за нова функционалност, туку за додавање на оружјето на листата на забранета стока за тргување, пренесува New York Times.

Иако звучи чудно, но до сега можевте да продавате оружје преку Facebook. Забраната нема да се однесува на лиценцираните продавници, туку на продавачите кои без дозвола користат Facebook-групи за продажба на оружје. Сега оружјето е ставено во ист ранг како канабис, наркотици и останати забранети производи, иако во одредени земји, поточно во САД, оружјето е сосема легално според Вториот амандман.

Забраната е можеби суптилна поддршка на Facebook за претседателот Барак Обама кој отвара дебата за отежнување на продажбата на оружје поради неколку вооружени напади во САД. Сепак можеби поинтересни се обидите за забрана и отстранување на 3Д моделите за печатење, а се чини дека доколку успешно се затворат сите останати канали, 3Д принтерите ќе бидат последно прибежиште на криминалците и љубителите на оружје.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии