Facebook ќе ги тагира вашите пријатели и на видеата

Image courtesy of Facebook

Facebook продолжува со додавање на нови функционалности кои ќе ја олеснат интеракцијата на корисниците со содржините. По примерот на таговите на фотографии, наскоро корисниците ќе можат автоматски да ги тагнат своите пријатели и на видеата.

Но, за разлика од фотографиите, таговите на видеата ќе бидат малку покорисни, бидејќи не само што ќе ги одбележат пријателите, туку ќе овозможат и скокање во видеото до моментот кога тие ќе се појават. Социјалната мрежа работи и на технологија коja ќе овозможи автоматско препознавање на говорот и креирање на титлови за видеата.

Што се однесува до технологијата за препознавање на ликовите во видеото, најверојатно е базирана на истата технологија која се користи и за препознавање на луѓето на фотографиите, вели TechCrunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии