Друштвените мрежи ги набљудуваат четовите на корисници и доколку најдат криминална активност и јавуваат на полицијата, се вели во извештај на Reuters. Секако се работи за набљудување во САД, но локацијата не треба да ограничува, посебно не на друштвените мрежи кои се далеку поподготвени за набљудување на корисничките активности отколку што мислевме.

Reuters го отвара извештајот со приказна за како софтверот на Facebook забележал како триесет и нешто години стар корисник разговара за секс со 13 годишно девојче, со кое се договарал да се сретнат следниот ден. Благодарение на софтверот кој е „трениран“ со бројни претходни четови на педофили за да може да препознае тоа што е важно во текстот, средбата била спречена.

Тоа што е позитивно во оваа „голем-брат“-технологија, освен што софтверот е трениран да реагира на одредени фрази и зборови, не и да следи приватни разговори, тој првин ги информира вработените во Facebook кои потоа одредуваат дали треба да се повика полицијата. Таквиот начин на работење можеби го отстранува стравот дека властите ќе ја злоупотребат технологијата која е наменета да ги лови пред се педофилите кои на друштвените мрежи можат лесно да започнат со малтретирање на малолетни корисници. Неодамна светот беше шокиран од случајот со Habbo Hotel. Овој сервис е наменет за најмладите корисници и требаше да биде безбеден, но всушност на сервисот владееше хаос, беше преплавен со педофили. Случајот беше откриен од британска новинарка која се вклучи на мрежата, се претстави дека има 13 години и веднаш доби непријатни сексуални предлози.

Според Facebook, нивната соработка со полицијата е истакната на нивниот сајт. Покрај стандардниот текст дека мрежата ќе одговори на сите законски наредби и налози, стои и дека:

„Ние може да споделиме информации со властите кога сме уверени дека е потребно за да спречиме криминал или да спречиме некоја повреда, или да се заштитиме себеси и вас од луѓе кои ги прекршуваат Условите за користење. Ова може да вклучува споделување на податоци со други компании, адвокати, судови или други владини институции.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии