Во потег што ќе ги разгневи борците за приватност, Facebook најави дека отсега ќе прикажува реклами според веб историјата – кои сајтови сте ги посетувале пред да дојдете на Facebook и на кои сајтови сте отишле откако сте биле на мрежата. До сега, друштвената мрежа таргетираше според метриките кои ги собираше од својот сајт, како интереси, фан страни и лајкови. Но, сега ќе го прошири своето таргетирање со веб историјата и мобилните апликации кои ги користите. Пример, ако вие разгледувате сајтови надвор од Facebook за прехранбени производи, Facebook ќе ви прикажува реклами за тафчиња, иако вие не сте кликнале Like на ниту една фан страна поврзана со такви продукти.

Facebook вели дека нема да грабаат нови лични информации, туку ќе ги користат тие што веќе ги имаат. Facebook ги следи сајтовите кои имаат инсталирано Facebook копчиња и апликации, а тоа, за жал, се скоро сите сајтови. Новото таргетирање ќе започне прво во САД, а потоа и во другите земји, во период од неколку месеци. Тоа што е добро е што корисниците ќе можат да му кажат „не!“ на ваквото таргетирање, односно ќе можат да изберат да не им се следи веб историјата преку сајтот на Digital Advertising Alliance. За мобилното следење на историјата, тоа може да се исклучи преку опциите на Android и iOS. Но, ова нема да значи дека нема да гледате реклами. Facebook пак ќе ви прикажува реклами според интереси, фан страни и лајкови, но нема да ви ја следи веб историјата.

Друга добра вест е и дека Facebook ќе им овозможи на корисниците само да си ги едитираат метриките и интересите преку кои им се покажуваат реклами. Пример, со новите опции кои мрежата ќе ги објави наскоро ќе може да ги смените или избришете интересите за кои не сакате да гледате реклами.

How Ads Work on Facebook from Facebook on Vimeo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии