Facebook треба да ги локализира податоците или да си оди од Русија

Дејан Соколоски

во Друштвени мрежи

Facebook има една година да ги локализира податоците од руските корисници. Ако по истекот на овој период податоците на руските корисници не се на сервери лоцирани во Русија, Facebook ќе биде блокиран. Предупредувањето доаѓа од Државната агенцијата за супервизија на комуникации, информациски технологии и масовни медиуми.

Ова не е прв пат руските агенции да поднесат вакви барања до друштвени мрежи. Претходно Linkedin беше блокиран за кршење на законот за складирање на податоци, јави Reuters.

„Сите мора да го почитуваат законот. Во 2018 сè ќе биде во ред“, вели Александар Жаров, директор на Роскомнадзор.

Истите барања руските власти ги испратија и до Twitter. Микро-блогот најави дека ќе се обиде да ги исполни законските барања.

Facebook има милиони корисници во Русија, но постојат и локални друштвени мрежи кои се навистина големи. VK.com, OK.ru и Moi Mir се дел од друштвените мрежи кои можат да ги користат Русите, доколку Facebook биде блокиран.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии