Facebook тестира „сакам“ копче

Голем дел од нас го знаат Facebook по своето „Like“ или „Ми се допаѓа“ копче, но што мислите за „Сакам“ копче? Ова го откри развивачот Том Вадингтон откако наиде на ‘want’ XFBML ознака во Facebook JavaScript SDK.

Копчето сѐ уште не е официјално објавено на Facebook сајтот за развивачи, но Вадингтон за Inside Facebook изјави дека „копчето работи само со Open Graph објектите означени како продукти“. Тој го поставил Want копчето на својот блог, но кога се обидел да го изврши добил грешка која вели дека Facebook нема апликација која може да ја изврши акцијата за тоа копче.

Како што Like и Recommend копчињата ги користат сајтовите за да видат на колку луѓе им се допаѓа и ја препорачуваат нивната содржина, така Want може да биде од голема корист за сајтовите кои нудат продукти. Па дури и за корисниците да си прават свои листи на желби и можеби некој од пријателите да им го поклони тоа што го сакаат, или пак да добијат попуст.

Од Facebook изјавуваат дека немаат ништо да соопштат и дека постојано тестираат нови функции.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии