Facebook тестира реклами кои ќе се појавуваат на различни мобилни апликации

Друштвената мрежа најави дека огласувачите наскоро ќе може да таргетираат корисници кои користат други мобилни апликации. Facebook, во соработка со издавачите на апликации и огласувачите, ќе пласира реклами чија предност е што ќе таргетираат според корисничкиот профил на Facebook, односно според корисничките интереси, лајкови, локација и други активности на мрежата.

Во моментов тестот на надворешните реклами се прави со неколку партнери, но во пост на блогот за програмери Facebook најави дека партнерството ќе се прошири ако тестот се покаже како успешен. Мрежата веќе има една огласувачка платформа, Facebook Exchange, преку која се следат корисничките активности на надворешни сајтови и потоа им прикажува порелевантни реклами кога ќе се вратат на Facebook. Но, новата мобилната платформа иако ќе ги таргетира корисниците колку што е можно подобро, се разликува во тоа што ќе прикажува реклами на други апликации. Moжно е овие мобилни реклами да не наликуваат на Facebook реклами, но ќе го користат таргетирањето.

„За да ја подобриме релевантноста на рекламите кои ги гледаат луѓето, да обезбедиме уште поголем досег за Facebook огласувачите и да им помогнеме на развивачите на мобилни апликации подобро да ги монетизираат апликацииите, решивме да направиме мал тест да прикажуваме Facebook реклами во мобилни апликации. Нашата цел е да демонстрираме уште поголем досег со истата моќ на Facebook таргетирање во и надвор од Facebook“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии