Facebook тестира редизајн на Timeline

Друштвената мрежа размислува да го промени Timeline, и наместо две колони да ги распореди постовите во една колона на левата страна, кои сега се проширени, додека останатите табови со пријатели, фотографии, и апликации да бидат на десна.

Најголемата забелешка од корисниците кои го принудува Facebook на овие промени е што корисниците треба да гледаат лево и десно додека скролаат низ статусите, пишува Inside Facebook.

Дизајнот можеби ќе ги смири корисниците и ќе го поедностави читањето на постови, но ќе остави и огромен празен простор од десната страна бидејќи нема којзнае колку табови кои ќе го исполнат тој простор.

Но, постојат неколку одговори за тој простор. Помалку веројатниот е дека корисниците не читаат постари постови, а поверојатниот е дека Facebook ќе ја подели страната и ќе го направи десниот дел со таботиве статичен, додека истовремено ќе дозволи левиот дел со постовите да може да се скрола.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии