Facebook тестира препознавање на лица на фотографиите

„Луѓето сакаат да ги тагираат своите пријатели и фамилијата во фотографиите, но чувме дека тоа може да биде досаден процес. Сега можете да додавате тагови со само едноставен клик директно од вашата домашна страна или други секции на сајтот, користејќи ја истата технологија за препознавање на лице што ја користат фото апаратите со години. Започнуваме со затворење тестирање на оваа технологија која се уште не можете да ја видите.“ вели Сам Одио од Facebook.

Facebook ја користи технологијата на Divvyshot, мал стартап кој го купија пред два месеци. Технологијата ги препознава лицата, не и личностите, треба да се направи разлика. Но, ова е дефинитивно почеток на тоа детектирањето на личноста од лицата на фотографиите. Но, најверојатно со таква опција ќе треба да очекуваме и опции за приватност за препознавање на фотографиите.

3 коментари на “Facebook тестира препознавање на лица на фотографиите

    1. Препознавање на личност ти е премногу сложен процес и потребно е фотографијата да има ектремно висок квалитет – ова ќе препознае кој е кој на сликата. Од друга страна препознавање на лице е препознавање на основните црти на лицето со што фејсбук автоматски го препознава каде е лицето, и таму поставува таг… но не знае кој е на сликата. Затоа ти треба да си внесиш.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии