Facebook тестира постови што се „самоуништуваат“

Facebook тестира постови кои ќе бидат со одреден период на траење, а потоа самите ќе избришат. Опцијата први ја забележаа корисниците на iOS апликацијата, а друштвената мрежа за The Next Web потврди дека тестираат ваква опција.

„Работиме на мал пилот проект за функција за iOS која ќе им овозможи на луѓето да закажат бришење на нивниоте постови однапред“, вели Facebook. За ваквите постови Facebook предвидува да можат да бидат избришани во период од еден час до една недела, во зависност од изборот на корисникот. По овој период постот автоматски се отстранува од тајмлајнот, но останува на серверите на Facebook додека не дојде време за негово бришење, вообичаено период не подолг од 90 дена.

Иако е нова за апликацијата на Facebook, оваа опција за краткотрајни постови е веќе популарна кај тинејџерите. Facebook веќе објави Slingshot апликација чија содржина се бриже откако ќе се види, налик на популарната Snapchat апликација, која беше една од првите што го воведе овој тренд.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии