Facebook тестира десктоп Messenger за Windows 7

Facebook со мала група корисници тестира декстоп месeнџер кој ќе има пристап до чет, Ticker и нотификациите. Идејата е да се обезбеди декстоп пристап до популарните опции за да може корисниците да се активни на мрежата цел ден без да мора да отвараат прелистувачи, открива TechCrunch.

Oва апликација сигурно ќе биде популарна и ќе може да го замени Windows Live Messenger како најпопуларна апликација во моментот за четување со Facebook пријателите. Иста таква можност, дури и за видео повици, од неодамна има и Skype.

Facebook веќе има објавено Messenger апликација за мобилните платформи iOS, Android и BlackBerry овозможувајќи четување, праќање SMS и имејл.

Сè уште не се знае дали Sponsored Stories т.е. рекламите, кои беа додадени во Ticker, ќе се појавуваат и во новиот десктоп месенџер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии