Facebook страници за манипулација се маскираат како корисници

Иако имал податоци Facebook ги игнорирал предупредувањата за пропусти кои им овозможувале на политичките кампањи да ја манипулираат јавноста. Интерна документација од друштвената мрежа до која дојде Guardian го покажува непреземањето на мерки во случаи на манипулација која била откриена од вработените во Facebook.

„Многу од работите кои прават штета на Facebook не се поправаат бидејќи Facebook не смета дека се доволен ПР ризик.

Последиците не ги сноси Facebook. Последиците ги чувствува целиот свет“, вели Софи Жанг, поранешен „data-scientist“ во Facebook.

Компанијата има тимови кои работат на отстранување на неавтентична содржина и досега се отстранети над 100 координирани мрежи за влијание. За жал се чини дека или немаат мотивација или капацитет да ги покријат сите корисници кои прават штета.

Наједноставен метод за манипулирање е креирањето на лажни коментари, лајкови и споделувања. Ова најлесно се прави со лажни или со компромитирани профили. Лајковите, споделувањата и коментарите, не само што ги мамат читателите, туку го „лажат“ и алгоритамот на Facebook кој започнува да ги рангира повисоко во фидот.

Благодарение на едноставни злоупотреби претседателот на Хондурас Хуан Орландо Ернандес во 2018 имал 90 отсто од лажните акции на друштвената мрежа. Директно вклучен во манипулацијата бил персоналот на претседателот. Дури 78 отсто од 59100 корисници од овие објави не се вистински луѓе.

Податоците до кои дојде Guardian со неколку примери покажуваат како се манипулира со друштвената мрежа. Ова е овозможено со едноставна злоупотреба на правилата на користење на Facebook.

Корисниците на Facebook можат да имаат само еден профил, но еден корисник може да има неограничен број на Facebook-страници. Основната намена на овие страници е да бидат замена на корисничките профили за организации, бизниси и јавни личности.

Во злоупотребата овие страници се маскираат како профили на луѓе; им се додаваат слики и титули и потоа коментираат на постовите. Вака еден корисник може да коментира од стотици различни профили.

Колку длабока e оваа манипулација

Ако судиме по примерот на една страна од азербејџанскиот портал Azad Soz, влијанието е неверојатно. Од вкупно 301 коментар на веста за апсење на еден активист 294 коментари се коментари од facebook-страници. Само 6 коментари во овој случај биле од вистински корисници.

Коментари
Коментари од facebook страници

Најголема жртва во случајот не се развиените држави, туку државите во развој. Во развиените држави Facebook речиси секогаш реагира, но во дел од државите во развој друштвената мрежа или реагира доцна, или понекогаш и не реагира воопшто.

Една од причините поради кои ова и понатаму се случува дури и кога ќе биде објавено за злоупотребите е недостатокот од соодветни казни. Веројатно друштвената мрежа и нема што да направи освен да ги извести своите корисници дека некој од учесниците во политичкиот живот мами. За жал, последиците за објава дека претседателскиот кандидат кој победил ја злоупотреби платформата не значат ништо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии