Facebook стартува спортска платформа

Facebook работи на креирање на сопствена спортска платформа на коja ќе се oбјавуваат вести, ќе се коментира и анализира исклучиво спорт. Платформата доаѓа во вистинско време за конференциските финалиња во NFL.

Со платформата Facebook се обидува да реши еден проблем што го има. Тој е мрежа на која посветуваме многу време, но кога се работи за спортски натпревари тие се следат на друго место, главно на Twitter каде може да следите натпревар во реално време, додека на Facebook тие коментари се губат меѓу другите. Она што ќе го овозможи Facebook Sports Stadium е анализа на секоја одиграна акција, коментари на пријатели и нивни постови, коментари од експерти и тимови, резултати и анализи. Дел од експертите сметаат дека обидот на Facebook да креира ваква платформа ќе овозможи на фановите да бидат „присутни“ на натпреварите, но платформата на Facebook по ништо не се разликува од конкуренцијата и веќе постојат огромен број на заедници. Сепак ниту една од нив нема да може да се пофали дека има 650 милиони љубители на спорт.

Доколку се обидете да пронајдете некоја функционалност во овој период, нема да ви успее, бидејќи функционалноста е достапна единствено на iOS и тоа за корисниците од САД. Засега може да се следи единствено NFL, а нови платформи, како и нови спортови ќе дојдат во следниот период.

screenshot-1-matchup-and-friends

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии