Facebook конечно стана фирма која јавно може да се тргува со ознака „FB“. Целта на компанијата е да соберат 5 милијарди долари. Ако успее да ги собере овие пари кои му се потребни за понатамошни инвестиции и развој, тоа ќе ја стави друштвената мрежа меѓу најголемите јавни надавања во историјата. Според експертите, вредноста на седум години стариот Facebook ќе достигне 100 милијарди долари.

Тоа значи дека основачот Марк Закерберг, кој моментално држи 28,4 отсто од компанијата, вреди околу 28 милијарди долари. Тој до сега има заработено 1,5 милиони долари од компанијата. Кога менаџерите на големи компании имаат толкав голем удел во акциите на компанијата, и нормално заработуваат многу од истите, нивната годишна плата обично се намалува на 1 долар. Како пример можеме да го споменеме овде Стив Џобс кој исто така примаше плата од Apple од 1 долар.

Во документите поднесени до американската Комисијата за хартии од вредност, основачот Закерберг вели дека тој не очекувал од Facebook да стане толку голем бизнис.

„Facebook не беше основан за да стане бизнис. Тој е создаден за да ја исполни друштвената мисија – да го направи светот поотворен и поповрзан“.

Интересот за акциите на Facebook најмногу ќе зависи од потенцијалниот профит. Растот на Facebook се успорува, и сега следи следната фаза да се профитира од 845 милиони активни корисници секој месец, oд кои 483 милиони се дневни активни корисници. На друштвената мрежа има околу 940.520 профили од Македонија.

Facebook лани направи приходи од 3,7 милиарди долари, од кои една милијарда долари беше чист профит. Од тие пари коро 85 отсто дојдоа од рекламите. Facebook прави пари и од друштвените апликации и микротрансакциите. Мрежата зема дури 30 отсто од секоја трансакција направена со виртуелната валута Facebook Credits која апликациите се обврзани да ја користат. Во иднина се очекува истите валути да се користат и за изнајмување на филмови и музика.

Бидејќи Facebook сега ќе стане aкционерско друштво ќе може да добиеме повеќе точни информации околу економските активности, платите и заработките на нивните вработени, како и другите статистики.

1 коментар на “Facebook ќе се нуди на берза

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии