Facebook станува друштвена „видеотека“

Facebook полека, но сигурно станува одлична платформа на која филмските студија и големите телевизиски куќи можат да стримуваат филмови, телевизиски серии, фудбалски натпревари, и било каква друга видео програма. Причина за ова е едноставноста и практичноста која Facebook ја нуди, овозможувајќи им на корисниците лесен пристап до било која содржина што може да се најде на оваа друштвена мрежа. Благодарение на друштвениот аспект на Facebook, корисниците можат да го споделуваат филмот што го гледаат со своите пријатели, како и да ги споделуваат најомилените сцени од дадениот филм.

Во последните шест месеци неколку филмски студија склучија договор со Facebook, според кој ќе им биде овозможено нивните филмови да бидат прикажувани на оваа друштвена мрежа. Бидејќи филмските студија, како и Facebook, ги интересира профитот, филмовите кои се прикажуваат всушност се изнајмуваат и можат да се гледаат само со Facebook кредити. Warner Bros е првото филмско студио кое го скрши мразот и покажа дека Facebook е одлична платформа за прикажување на филмови, и со тоа одличен дополнителен извор на приход. Успешноста на овој потег значи дека Facebook може да влезе и во пазарот на видео стриминг, и да стане сериозна конкуренција на останатите сервиси за видео стриминг како што се Hulu, Netflix, Vudu, и многу други.

The Dark Knight, второто продолжение од Batman трилогијата, стана првиот филм кој е достапен за изнајмување на Facebook. Изнајмувањето чини 30 Facebook кредити или 3 долари, и откако ќе бидат уплатени корисникот може да го гледа филмот во наредните 48 часа. Во периодот додека трае филмот, Facebook си функционира најнормално. The Dark Knight е достапен за секој што ќе ја „лајкне“ официјалната Facebook страница на филмот. Покрај The Dark Knight, Warner Bros овозможи да се гледаат и филмовите Inception, Harry Potter and the Sorcerer’s Stone, Harry Potter and the Chamber of Secrets, Yogi Bear и Life as We Know It. Според претседателот на Warner Bros, Томас Гевеке, нудејќи ги нивните филмови на Facebook e природна појава доколку компанијата сака да продолжи со дигиталната дистрибуција на своите дела.

Филмското студио Paramount, следејќи ги чекорите на Warner Bros, овозможи сите продолженија од Jackass филмовите да бидат прикажани на Facebook. Jackass 1, 2 и 2,5, чинат исто колку и оние што ги нуди Warner Bros, 30 Facebook кредити, или поточно 3 долари, додека новите филмови Jackass 3 и 3,5 чинат 40 кредити, или 3,99 долари. Филмовите се достапни на официјалната Facebook страница и можат да бидат гледани само од лица кои се постари од 17 години.

Universal исто така се качува на возот наречен Facebook и започна да ги изнајмува своите филмови преку оваа друштвена мрежа. Првиот филм на Universal кој е достапен за гледање е култниот The Big Lebowski, кој чини исто како и сите останати, 3 долари. Последното филмското студио кое го прифати овој начин на дополнителна заработка е Miramax, чија филмска понуда на Facebook е далеку побогата од останатите, дури 20 филмови. За разлика од останатите филмски стуфија Miramax има посебна апликација наречена Miramax eXperience, која ги содржи сите филмови кои се достапни за изнајмување. Дел од филмови кои се вклучени во апликацијата се Chicago, Cold Mountain, Good Will Hunting, No Country for Old Men, Pulp Fiction, Spy Kids и Spy Kids 4.

Не се само студијата кои сметаат дека Facebook претставува одлична платфрома за промовирање на својата програма. Една од најголемите телевизиски куќи во светот BBC, неодамна постигна договор со Facebook, според кој ќе им биде овозможено да ја прикажуваат култната серија Doctor Who. Принциот е сосема ист како и со изнајмувањето на филмовите на филмските студија, па така корисниците можат да ја гледаат секоја епизода, но за тоа треба да дадат 15 Facebook кредити, или скоро една фунта. BBC планира да ја збогати својата Facebook понуда, и исто како и Doctor Who, започна да прикажува епизоди од серијалот за автомобили Top Gear.  Моментално се достапни само три епизоди Top Gear.

Минатата недела пишавме за натпреварот помеѓу Аскот Јунајтед и ФК Вембли, чиј пренос на Facebook беше овозможен од компанијата Buddweiser. Очигледно можноста да се користи Facebook за пренесување на видеа не е корисна само за филмските студија и телевизиските куќи, компаниите можат да ја искористат оваа услуга на различен и креативен начин за да привлечат нови фанови и да го прошират своето онлајн присуство

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии