Facebook со нови проблеми, компанијата претерала со споделување информации со производителите на хардвер

Image courtesy of Facebook

Милиони Facebook корисници можат да ја тужат друштвената мрежа за бесправно собирање на биометриски податоци. Станува збор за технологијата која друштвената мрежа ја користи за препознавање на ликовите на фотографиите.

Во април Судот од Илиноис одлучи дека друштвената мрежа не смее да чува биометриски податоци без дозвола од корисниците. Новата одлука е само продолжение на оваа и укажува дека корисниците може да започнат заедничка парница против компанијата.  Според Законот за заштита на биометриски податоци, друштвената мрежа може да биде казнета помеѓу 1 000 и 5 000 долари за секоја фотографија на која има тагнат корисник. Компанијата дури и не го спореше незаконското чување на податоци. Само се бранеше дека на секој корисник ќе треба различно да му се процени штетата која може да му е направена. Секако ова ќе значеше дека најголем дел од корисниците воопшто и немаше да започнат спор. Судот сепак не се согласи со оваа констатација и им овозможи на сите кои се оштетени да започнат заеднички спор.

Тоа не е сè

Уште од почетоците Facebook им дозволува претерана слобода на производителите на паметни уреди при собирањето на податоци. Можностите од податоците кои друштвената мрежа ги споделува со  Apple, Amazon, BlackBerry, Microsoft и Samsung одат дотаму што овие компании можат да си направат мини друштвени мрежи. Производителите можат да соберат доволно податоци не само за корисниците, туку и за нивните пријатели, пренесе New York Times.

Причината за ова е што кога друштвената мрежа започнуваше, немаше продавници за апликации како App Store и Play. Најголем дел од апликациите доаѓаа со телефоните и како дел од оперативниот систем. За да го овозможи споделување и слично искуство како со апликацијата, друштвената мрежа направи API кое го сподели со производителите на паметни телефони и таблет компјутери.

Единствена заштита која ја имаа корисниците е договорот кој го имаат компаниите со Facebook, дека овие податоци не смеат да се користат за ниедна друга намена освен за рекреирање на Facebook искуство. Друштвената мрежа не е свесна дека било кој од овие производители ја нарушил меѓусебната доверба. Дополнително, овие компании никако не смееле да ги користат податоците од споделувањата. Колку што и е познато на друштвената мрежа, ниту една од овие компании не ги собирала податоците. New York Times откри дека некои од производителите можат да дојдат до податоците на корисникот иако корисникот забранил споделување на истите.

За жал, тоа што го знае Facebook и реалноста во последно време се различни. Така компанијата во случајот со Cambridge Analytica мислеше дека компанијата ги избришала податоците пред неколку години. Како што дознавме, тоа не било случај.

Секако изгледа речиси неверојатно дека компании кои се огромни производители би рекламирале прибирање на податоци. Секако ниту Facebook, ниту некој од производителите би го ризикувале угледот со прибирање на овие податоци, но проблемот е малку поголем. Сите вакви податоци се собираат и чуваат на телефоните. Апликациите може да пристапат до податоците, а ова е безбедносен ризик.

1 коментар на “Facebook со нови проблеми, компанијата претерала со споделување информации со производителите на хардвер

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии