Facebook со 200 милиони активни корисници

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}На светот му беа потребни 20.000 години за да дојде до популација од 200 милиони луѓе… додека на Facebook му беа потребни само 5 години за да дојде до оваа огромна бројка на активни корисници. Колку за споредба, сегашната популација на Facebook е поголема од бројот на жители во Бразил, Јапонија или Русија и доколку овој сајт би бил држава, ќе се најде на петтото место на најнаселени држави на оваа планета, после Кина, Индија, Индонезија и САД…

"Во текот на овој ден ќе му кажеме добредојде на 200.000.000-от активен корисник на Facebook… Кога го создадовме Facebook во 2004, нашата цел беше да создадеме побогат, побрз начин за луѓето да споделуваат информации за тоа што се случува околу нив. Мислевме дека со создавање на подобри алатки за комуникација ќе им помогнеме на луѓето подобро да го разберат светот, со што ќе добијат уште поголема моќ да го променат." – објави денеска на официјалниот блог, создавачот на друштвената мрежа Марк Зукерберг.

Порастот на бројот на *активни* корисници на овој сајт е навистина неверојатен. Пред само три месеци, во јануари, сајтот имаше 150 милиони корисници… што значи дека скоро пола милион луѓе се приклучуваат на овој сајт, дневно!

Од компанијата објавија и мапа на која може да се забележи кои делови од светот највеќе го користат Facebook:

{mosimage}

Популарноста на овој сајт во последните 10 месеци експлодираше и во Македонија, каде што досега вкупниот број на активни корисници (измерен преку таргетирање на реклами) изнесува околу 150.000 – односно 6.9% од вкупниот број жители на Македонија имаат свои профили на сајтот. Исто така, вести поврзани со сајтот се почесто се наоѓаат и во македонските медиуми, кои верувам дека наскоро ќе започнат и со пишување и за Twitter и други веб 2.0 алатки, но да им дадеме време… :-)

Користејќи го истиот метод за мерење на активни корисници, дојдовме до некои интересни статистики прикажани подолу. Земете во обзир дека бројките се определени според комбинација од ИП адреси на корисниците и информации внесени во нивните профили. Иако ова не се најпрецизни податоци, сепак се единствените статистики кои Facebook засега може да ги објави за Македонија и се одлична претстава за тоа што се случува.

Btw: Facebook сеуште не нуди можност за таргетирање на корисници од Албанија и Црна Гора, па затоа се изоставени во оваа статистика.

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии