Facebook скенира приватни пораки за да го зголеми бројот на лајкови на страните

Facebook призна дека додава лајкови на друштвените плагини на веб страна која се линка во приватна порака, без врска дали корисникот воопшто ја посетил таа веб страна или кликнал Like. Онлајн видео на HakerNews покажа дека друштвената мрежа ги скенира линковите кои корисниците си ги праќаат во приватните пораки и ги регистрира како 2+ лајкови на страната.

Facebook Graph API hack discovered by Killswitch.me team and Sejwa.com from Kuba on Vimeo.

Facebook вели дека се работи за „грешка“ и „ниту една приватна информација не е споделена“. Интересно, грешката според Facebook не е тоа што линковите се претвараат во лајкови, туку што регистрира +2 лајка од двата корисници кои разговараат приватно, наспроти еден од корисникот кој го споделил линкот, како што е и замислено. Таквата функционалност на Like, Recommend и Share копчињата е наменета да покаже „ангажираност“ со фан страната и се прикажува само со зголемување на бројчаникот покрај сите три копчиња.

Друштвената мрежа потврди дека бројот кој се прикажува на Like копчето на веб страните го содржи бројот на луѓето кои кликнале Like, бројот на коку пати е споделен сајтот/URL на Facebook, бројот на лајкови и коментари на приказните на Facebook за тој сајт и бројот на пораки во кои се сподели URL_то на сајтот.

BusinessInsider потенцира дека ваквата „грешка“ на Facebook не ја нарушува приватноста бидејќи додава лајкови само на бројчаникот на сајтот, и нема начин да се каже кој додал лајк бидејќи кај корисниците не се прикажува дека ја лајкнале таа веб страна, ниту ќе гледаат постови од соодветната фан страна. Според блогот, ако не се откриваат лични податоци споделени во приватна порака тогаш не е нарушување на приватност.

Скенирањето на пораките не е нешто ново кај веб сервисите. Google ги скенира Gmail пораките за да, како што вели и како што сите му веруваме бидејќи сакаме добар бесплатен имејл сервис, да ни прикаже персонализирани реклами. Исто така, Facebook не крие дека скенира пораки за криминално однесување, затоа и не може да линкате до торент сајтови како Pirate Bay.

Но, овојпат се работи за нефер функционалност на Facebook во корист на страните која е апсолутно спротивна на тоа што треба да претставува корисничката интеракција. Facebook за жал нема Dislike копче, па ако некој од револт спрема бренд споделил линк, се што направил е всушност да додаде +2 лајка на тој бренд. Со тоа изреволтираниот корисник само ја зголемил лажната популарност на брендот, и им наштетил на сите други корисници за кои штом страната има многу лајкови тогаш сигурно е добра, нели?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии