Facebook штотуку им го олесни рекламирањето на компаниите

До сега имаме неколку пати напишано за проблемот со кој се соочи Google+, поточно за нивната неподготвеност за големиот број на брендови кои покажаа интерес во оваа платформа. Facebook очигледно виде колку е саат, и не чекаше многу време за да ја презентира новата платформа наменета исклучиво за брендови.

Новиот дел од Facebook, наречен Facebook for Business, им овозможува на брендовите да се информираат за тоа како најдобро можат да го искористат Facebook, и кои се алатките кој тој ги нуди за нивно допирање до целната публика. Почетната страна на Facebook for Business е поделена на четири подсајтови, во кои спаѓаат Pages, Ads, Sponsored Stories, Platform.

Секој од овие подсајтови содржи информации за нивно користење. Дизајнот на подсајтовите, како и почетната страница, е многу добро направен, покажувајќи чекор по чекор како да се воспостават страници за брендови, како да се користат рекламите, и како, во зависност на интеракцијата, на која целна публика што да и се покаже.

Sponsored Stories функционираат на сличен начин со рекламите, со таа разлика што наместо реклама, се појавува корисничка активност која е директно поврзана со брендот. Според Facebook скоро сè може да биде Sponsored Story, без разлика дали е лајк на страница на одреден бренд или на нивен пост, дали е споделен некој пост или пак е употребена некоја апликација.

Овој потег би требало навистина да им ја олесни работата на брендовите кои сакаат да се рекламираат на Facebook, но што е со корисниците? Компаниите си добија платформа која ќе им го олесни рекламирањето, а корисниците добија нов тотално непотребен чет. Според мене, сето ова е причина плус за селење на Google+.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии