Во Австралија има иницијатива за да им се забрани на тинјџерите да си направат профил на Facebook пред да добијат дозвола од нивните родители, но малку е нејасно како Facebook би можел да го изведе тоа. Нивната претседателка на Советот за интернет безбедност велат дека тоа е затоа што „знаат дека постојат потенцијални ризици со кои се соочуваат младите луѓе како малтретирање на интернет, кражба на идентитет и останати прашања во поглед на приватноста, илегална содржина и контакт од онлајн предатори.

Ова не е случај само во другите земји. Во Македонија скоро секој ден има проблеми со Facebook и злоупотреба на идентитетот и личните податоци, вели Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Пример за големот број на малолетните .мк корисници е статистиката за таргетирање од Facebook рекламите:

Познати се многу случаи ширум светот каде млади луѓе, најчесто тинејџери, имаат проблеми со прилагодувањето или пак злоупотребувањето кога се работи за друштвените мрежи. Се работи за случаи кои протегаат од иритирачкото крадење на идентитет, до посериозни случки како самоубиства заради сајбер малтретирање. Сајбер малтретирањето е проблем за кој Европската унија стартуваше кампања со цел да се информираат помладите корисници како да се справат со малтретирањето. Јасно е дека прераното впуштање на младите во светот на друштвените мрежи може да донесе многу негативни последици, но нема некој јасен начин како би се спречило нивното вклучување.

Кога се во прашање помлaдите, вистина е дека родителите на Facebook можат до некаде да контролираат што нивните деца ќе можат да видат и што објавуваат. Но, прашањето е дали може навистина да се исконтролира кога ќе бидат со нивните пријатели и дали интеракцијата со нив ќе ги донесе до потенцијална опасност или пак некоја непогодна ситуација?

1 коментар на “Facebook секојдневно отстранува околу 20.000 корисници под 13 години

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии