Facebook сега препорачува бесплатни анти-вирус програми за поголема безбедност

Facebook започна да ги информираа корисиниците за анти-вирус пакети. Ако се сомневате дека вашиот компјутер е заразен, Facebook ќе ви ги „препорача“ Microsoft Security Essentials или McAfee за Windows корисниците, додека корисниците на Mac се упатени на Apple Security Updates. Сите препорачани алатки се бесплатни, иако McAfee е само мало софтверче, а не комплетен анти-вирус програм за кој се плаќа.

Откако ќе го селектирате оперативниот систем, вашиот Facebook профил ќе биде заклучен се додека не завршите со проверката. Иако е краткотрајно, сепак ќе беше добро да има некое преупредување или барем појасно предупредување за заклучувањето на профилот.

Покрај сегашната можност за скенирање на компјутерот, Facebook од претходно известува и ако забележи злонамерен софтвер. Целта на новата кампања на друштвената мрежа е да им овозможи на корисниците можност за проактивна заштита.

Ако не користите лиценциран Windows тогаш подобро е да одберете McAfee, Microsoft Security Essentials бара лиценцирана верзија на оперативниот систем, или да најдете некој друг начин за заштита на податоците на вашиот компјутер,. Пример, може да си симнете еден од бесплатните AVG или Avast. Во секој случај осигурајте се да имате анти-вирус пред да користите друштвени мрежи на кои се споделуваат секакви линкови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии