Facebook се вмешува во битката со апликации; стартува нова Messenger платформа

Конечно стана јасно зошто Facebook инсистираше нивните корисници на сите мобилни платформи да мора да ја користат Messenger апликацијата. Компанијата ја претстави новата Messenger платформа која покрај разговори со пријателите ќе овозможи и куп други функции, меѓу кои и користење на апликации.

Со помош на повеќе апликации за кои засега се партнери ESPN, Giphy, JibJab и The Weather Channel ќе биде овозможено споделување на содржини и комуниција до 600 милиони корисници кои ја користат апликацијата. Messenger for Business, пак, ќе се обиде да ја замени имејл комуникацијата, телефонските разговори или апликациите за грижа на корисници со директен контакт преку Messenger апликацијата.

„Facebook порано беше една единствена сина апликација која правеше многу работи. Сега Facebook има цело семејство на апликации“, вели Марк Закерберг, основач на Facebook.

Facebook Messenger ќе интегрира услуга со апликациите од трети девелопери. Така од досега достапните апликации корисниците од Messenger ќе можат да проверат резулат преку ESPN, да проверат какво ќе биде времето преку The Weather Channel, да пронајдат или зачуваат GIF преку Giphy и слично. Ова практично ќе го направи Messenger платформа во платформа која ќе биде конкуренција за Android и iOS. Апликациите ќе се инсталираат преку Messenger што значи дека ќе бидат достапни и на Android и на iOS, но како ова ќе биде имплементирано со оглед на тоа дека Apple, а од неодамна и Google, прават ригорозни проверки на апликациите пред да ги објават во App Store, односно Google Play, останува непознато.

Заедно со оваа објава Facebook најави и дека нивната native платформа React е сега со отворен код. React е популарен framework за развој на веб апликации. „Единствена разлика во мобилната околина е што наместо да го стартувате React во прелистувач JavaScriptCore ќе биде стартуван во апликациите каде ќе бидат рендерирани high-level компоненти кои се специфични за платформата“, објаснуваат од популарната друштвена мрежа.

1 коментар на “Facebook се вмешува во битката со апликации; стартува нова Messenger платформа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии