Facebook се претвори во издавач на вести со Instant Articles

Facebook ja претстави Instant Articles, коај е нова платформа што овозможува објавување на статии на друштвената мрежа. Идејата зад платформата е да го забрза вчитувањето на содржини, бидејќи заклучиле дека линковите се отвораат пребавно или во просек потребни се осум секунди за отворање на секоја статија. Први партнери на мрежата се New York Times, BuzzFeed, National Geographics, NBC и The Atlantic.

Статиите се поставени на Facebook, а платформата овозможува едноставно вметнување на слики, аудио и видео. Instant Articles автоматски ќе ги конвертира статиите во потребниот формат, а издавачите ќе можат во потполност да ги задржат приходите од рекламите. Доколку имаат слободен простор за реклами Facebook ќе го пополни и ќе сподели 70 отсто од приходите. Интернет сообраќајот од овие статии ќе им биде „запишан“ на оригиналните објавувачи на статиите, иако не е познато дали ќе податоците за сообраќајот ќе бидат запишани и кај друштвената мрежа.

Тоа што Facebook го добива е да ги задржи корисниците на својот сајт дури и во случаите кога сакаат да читаат статии. Најголема опасност за издавачите во моментов е доколку во иднина Facebook се одлучи дека сака да ги промени правилата за користење, што е достса веројатно. Facebook го прави ова постојано и во моментов се смета за вообичаено, вели Rеcode. Наскоро на Instant Articles ќе се приклучат Guardian, BBC News, Spiegel и Bild, иако во експериментална фаза.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии