Facebook се интегрира со WordPress

Направете го вашиот сајт подруштвен со само неколку кликови, е описот на Facebook додатокот за WordPress кој го објавија денес. Така сега на сите што ја користат WordPress платформата за блогирање и имаат Facebook страница ќе им биде поедноставен процесот на споделување на содржината.

Официјалниот додаток е достапен во WordPress директориумот и со негова помош ќе можете автоматски да објавувате написи на вашиот ѕид или страница. Исто така, можете и да исклучите неколку од деловите на додатокот што не ги користите.

  • Автоматско објавување на написите на вашиот Facebook профил и/или страница;
  • Споменување на пријатели и Facebook страници во објавувањата;
  • Овозможување на „Ми се допаѓа“, „Претплати“ и „Испрати“ копчиња со еден клик;
  • Можност за Facebook коментари;
  • Интеграција на Open Graph;
  • Виџети со предлози за своите читатели, фид со активност и сл.

Доколку и вие спаѓате во тие 16,6% кои користат WordPress и сакате да го направите вашиот сајт подруштвен, овој е вистинскиот додаток за вас со кој можете сите работи да ги завршите со само еден клик.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии