Facebook се ближи до една милијарда корисници

Facebook се приближува до милијардитиот корисник. Во моментов друштвената мрежа има 955 милиони корисници, или 55 милиони повеќе од април. Растот е поспор од претходните години, но сепак бројот на новодојдени корисници е поголем за 29 отсто од лани.

Ако зголемувањето на корисници продолжи со слично темпо очекувањата се милијардитиот корисник да се приклучи на друштвената мрежа некаде околу септември. Импресивно изгледа и бројката од 552 милиони корисници кој секојдневно ја користат друштвената мрежа.

Иако бројот од една милијарда корисници е огромен многу побитно во моментов за Facebook е изнаоѓање на начин на остварување профит. Бројот на луѓе кои секојдневно се приклучувааат на Facebook e во пораст, но профитот на компанијата сè уште е помал од предвидениот профит од февруари кога компанијата излезе на берза. Како последица на тоа акциите на друштвената мрежа во моментов се на најниско ниво.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии