Facebook сака да споделуваме постови, фотографии и видеа според локација

Во декември Facebook го купи локацискиот сервис Gowalla. Тогаш мислењата беа дека целта на аквизацијата е тимот зад сервисот кој е доволно талентиран да креира сервис на друштвената мрежа кој ќе ги ангажира корисниците да ја споделат својата локација.

Сега поранешниот директор на Gowalla, Џош Вилијамс, открива дека работaт токму на тоа. Facebook претстави нови API-ја кои ќе им дозволи на креаторите на апликации да интегрират статуси, фотографии, видеа и да се тагираат пријатели при чекирање на одредена локација.

„Најактивните приказни најчесто содржат каде сте биле, со кого сте биле и фотографија да покажете што се случило. Денес претставуваме неколку подобрувања на платформата на Facebook што ќе им дозволи на луѓето да ги прават сите работи што можат да ги прават со статусите – вклучувајќи ги и додавањето пријатели и локација – директно од апликациите кои ги користат.“, вели г. Вилијамс во блог пост.

Локациските податоци ќе се појават на корисничкиот Timeline како „подетални моменти“ одбележани со Facebook Places. Пример, ако споделувате локација преку Foursquare на Facebook ќе ви се појави со цела фотографија и мапа со локацијата, наместо како до сега само линк до Foursquare. Интересно, АPI-то ќе им дозволи на сервисите и апликации да ги извлекуваат локациите на пријaтелите кои користат други локациски сервис и да ги интегрираат во својот сервис. Така ќе може да се види локацијата на пријателите, вклучувајќи ги и фотографиите, видеата и постовите, без врска на тоа кој сервис се користи, се доколку се споделени на Facebook.

Со ова Facebook ќе се обиде да ги убеди корисниците дека споделувањето локација е нешто интересно, а бизнисите дека искористувањето на oвие друштвени можности и претставување на нови промоции е корисен начин да се привлечат нова клиентела. Зa Facebook, сите овие податоци ќе му овозможат полесно да таргетира реклами.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии