Facebook размислувал да им продава пристап на компаниите до податоците на корисниците

Во 2012 година Facebook размислувал да го продава пристапот до корисниците. Компанијата планирала пристапот до Graph API да им го продава на компаниите за 250 000 долари годишно, вели Ars Technica.

Овие податоци се дел од документите кои  неодамна ги заплени Британскиот парламент. Во нив постојат повеќе размени на пошта во кои вработени во компанијата разговараат за промени во Graph API пристапот. Ова е во период помеѓу 2012 и 2014 година, а компанијата подоцна не зборува за наплаќање за пристап до API. Не е јасно колку од вработените се приврзаници или можеби цела комуникација доаѓа од едно место.

Ова е во периодот кога Cambridge Analytica доаѓа до податоците на корисниците. Тогаш преку API компаниите можеа да дојдат и до податоците на корисниците, но и до податоците на нивните пријатели. Facebook во 2015 година го промени начинот на кој се комуницира преку апито и ја затвори можноста за прибирање на податоци и на пријателите. Дотогаш веќе компанијата беше решена дека нема да заработува со продажба до пристапот.

Документите ќе бидат отворени за јавноста следната недела. Тогаш најверојатно ќе знаеме кој заговарал продажба на API и дали Марк Закерберг има некаква врска со овие разговори.

1 коментар на “Facebook размислувал да им продава пристап на компаниите до податоците на корисниците

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии