Facebook работи на технологија која ќе овозможи пишување преку читање на мислите

По Илон Маск кој инвестираше во компанија која работи на креирање на нов интерфејс помеѓу луѓето и машините истото го најави и Facebook. Друштвената мрежа успеа да ги декодира мозочните сигнали кои ги претвораат мозочните сигнали во говор.

Главна придобивка од ова би имале пациентите кои се парализирани и користат прилично несмасен начин за комуникација. На пример, пациентите со aмиотрофична латерална склероза како брилијантниот научник Стивен Хокинг, би можеле да продолжат да комуницираат иако болеста напредувала. Технологијата ги скенира мозочните импулси и детектира што човекот сака да каже и ги презентира овие податоци.

Технологијата за првпат истовремено се фокусира на два дела од разговорите, прашања и одговори. Во текот на тестовите истражувачите им поставувале едноставни прашања со неколку понудени одговори. Алгоритамот кој го користеа научи да идентификува прашање со точност од 75%, а успешно го отчитаа и одговорот во 61% од случаите. Покрај машинското учење кое продонесува алгоритамот да прогнозира подобро со повеќе обработени податоци голема предност е што технологијата е бесконтактна, па може да ја користат сите без да мора да се вградуваат електроди во черепот.

„Досега најчест пристап беше фокусирање на говорот. Тука можеме да ја покажеме вредноста на двете страни од разговорот – прашањето што некој го слуша и нивниот одговор“, вели Едвард Чанг неврохирург кој работи на проектот.

Image courtesy of Facebook / Tech blog

Иако помошта во говорот за луѓето со попречување е веројатно најголемата придобивка, Facebook оваа технологијата започна да ја развива за подобар интерфејс помеѓу луѓето и машините. Во друштвената мрежа се надеваат дека ова ќе биде прв исчекор за следната генерација преносни паметни уреди.

Засега првите резултати ветуваат, но има уште многу работа. Тестовите се со ограничен фонд на зборови кој секако треба да се прошири. Истражувачите се надеваат дека ќе успеат да ја развијат технологија за алгоритмите да обработуваат 100 зборови во минута од 1000 различни зборови. Максималната грешка која ќе ја прават при анализа не смее да биде поголема од 17%, велат од Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии