Facebook работи на спојување на Messenger и Instagram разговорите

На почетокот на минатата година, излегоа информации дека Facebook планира да ги соедини Facebook, Instagram и WhatsApp, се со цел корисниците да добијат едно унифицирано искуство. Ова треба да овозможи да може да комуницирате со корисници на другите платформи без поголеми проблеми. Секако, со COVID-19, фокусот се смени малку, па од Facebook одлучија да се посветат повеќе на live stream функционалности.

Но, пред неколку дена Facebook решија повторно да се активираат на овој фронт. Некои корисници на Instagram добија нотификации дека за скоро, ќе можат да комуницираат со пријатели кои користат Facebook, или Messenger. Ваквата функционалност сеуште не е пуштена во употреба, што значи дека веројатно ќе ја видиме за брзо.

Што значи ова за корисниците?

Покрај фактот што ќе може да разговарате со пријатели кои користат Messenger или Facebook, ќе има и уште неколку нови функционалности. Дизајнот на Direct пораките на Instagram ќе биде многу сличен на оној на Messenger – ќе може да менувате бои, да реагирате со emoji, а ќе добиете и swipe to reply функционалност.

Она што треба да се има на ум е дека ваквиот апдејт потполно ќе го смени вашиот инбокс, што на некои корисници можеби нема да им се допадне. Дури и икончето во горниот десен агол ќе биде сменето со икончето на Messenger. Самиот апдејт не е задолжителен, и ќе добиете избор дали сакате да го инсталирате, или да го одложите.

Доколку се одлучите да го одложите, сеуште може да добивате барања за пораки на Instagram, од корисници на Facebook. Всушност, во моментов тоа е и единствениот начин да комуницирате – корисникот на Facebook треба да го започне разговорот. Ова се очекува да се смени во иднина, и ќе биде одлично за корисници на Instagram кои не се баш активни на Facebook.

Важно е да се спомне дека доколку планираното спојување на трите платформи за комуникација се оствари, корисниците ќе ја добијат енкрипцијата на разговори која во моментов е достапна само за WhatsApp, а ја има и како опција на Messenger. Ова не е мала работа, посебно со оглед на тоа дека приватноста и интернет безбедноста се прилично актуелни теми во моментов.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии