Facebook работи на алатка која ќе овозможи пронаоѓање на бесплатен интернет

Facebook работи на алатка која на корисниците ќе им овозможи да пронајдат Wi-Fi во нивна близина. Алатката веќе им е достапна на дел од корисниците во одбрани држави, а засега нема прецизна најава за глобална достапност.

Алатката треба да им овозможи на сите корисници да останат поврзани со пријателите. Функционалноста на корисниците ќе им овозможи да пронајдат најблиска отворена Wi-Fi мрежа која можат да ја користат. Засега пронаоѓањето на Wi-Fi е достапно на iOS. Метју Навара од The Next Web  ја забележа оваа нова опција на почетокот на неделата во Велика Британија.

Креирањето на функција која овозможува пронаоѓање на бесплaтен интернет е добра вест за корисниците од државите каде мобилниот интернет е скап. Дополнително ова е одлична вест за сите кои се надвор од матичната држава па Wi-Fi ќе им овозможи бесплатни разговори, па дури и споделувања на видео во живо.

За жал, ова може да значи и дека социјалната мрежа ќе ги води корисниците до небезбедни мрежи, па корисникот сам мора да се грижи за својата безбедност. Повеќе на тема безбедност на отворени мрежи, прочитајте на следниов линк.

1 коментар на “Facebook работи на алатка која ќе овозможи пронаоѓање на бесплатен интернет

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии