Facebook промени во Pages, Places и Apps

Facebook Pages – Ресурси за водење на страници

Со последните измени на страниците, на администраторите на секоја Facebook страница им се овозможи директен пристап до ресурси за привлекување на корисници на страницата, подобро водење на страницата, студии на случаи за различни типови на компании, организации и слично. Овој пристап е овозможен преку опцијата Resources која со последните измени на страниците се јавува на секој администраторски профил од левата страна на екранот откако ќе се премине на уредување (edit) на страницата. Оваа модификација на администраторскиот панел е директен обид за подобрување на квалитетот на водење и одржување на Facebook страниците, а со тоа и подобрување на корисничкото искуство на секој од фановите.

Facebook Places – Препорачување на информации и групно пополнување на информации

По примерот на Foursquare, Facebook започна со збогатување на секој check in. Освен основните информации за чекирање, на корисниците отсега им е овозможена опција да препорачаат одредена локација преку споделување на кратка порака од таа локација. Голема е веројатноста дека оваа опција ќе ја замени „препорачај на пријатели“ која неодамна беше отстранета од Facebook страниците, со оглед на тоа дека секој корисник кој сака да укаже дека некоја локација е добра може со постојаните поракида ги преплави почетните страници на неговите пријатели.

Уште еден новитет кај Facebook Places е можноста за групно пополнување на информации кај секоја од локациите. Собирањето на податоци се врши по принципот на Wikipedia, со што на секој корисник му е дадена можноста да додаде свој текст кај локациите во кои се чекира. Иако оваа опција навистина ќе го забрза пополнувањето на основните информации кај голем број на локации, мора да се запрашаме колку од тие информации ќе бидат случајно или намерно погрешно напишани.

Facebook Apps – Отстранување на спам пораки од апликации

При објавувањето на апликација (или дел, резултат од користење апликација) на сопствениот профил на секој корисник досега му беше давана опција да напише своја порака или да ја остави веќе вклучената автоматски генерирана порака на апликацијата да се објави на неговиот „ѕид“. Од 12 јули Facebook ја укина можноста на развивачите на апликации за поставување на автоматски пораки на апликациите. Отсега секоја апликација ќе им дава на корисниците можност да остават свој коментар, но ќе ја намали количината на спам пораки кои ќе се појавуваат на почетната страница. Од оваа промена се очекува да ја зголеми персонализацијата кај апликациите, а со тоа и да го зголеми нивното користење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии