Facebook претстави нови безбедносни опции, HTTPS за целиот сајт

За безбедност на профилите Facebook нуди неколку решенија како далечинско гасење на профилот, лозинки за една употреба и опции да се следи кој и кога се логирал на профилот. Тоа се старите опции.

Нова е опцијата за „безбедно конектирање“ односно користење на HTTPS за логирање на Facebook, истиот протокол се користи за логирање на сметки во банки и онлајн купувања.

HTTPS се препознава во барот за адреси на секој прелистувачот, често пропратен со икона за катанче во долниот десен агол. Facebook го користи HTTPS при секое логирање на профилите, но сега го продолжуваат користењето низ целиот профил, што може да биде одлично за користење доколку се користат јавни компјутери, пример, во интернет кафеа, аеродроми, школи…

За да се вклучи опцијата отидете во Account Setting -> Account Security и штиклирајте го Secure Browsing (https). (види слика горе)

Тоа што треба да се знае за енкриптираните податоци е што може да го направат Facebook да работи поспоро, и надворешните, не-facebook апликации нема да можат да се користат бидејќи не поддржуваат HTTPS.

Друштвена автентикација е втората нова опција и подразбира построга контрола од страна на Facebook при логирање во краток временски интервал од две различни места. Пример, ако се логирате од Скопје, а потоа после час од, пример, Белград, Facebook ќе побара да ја потполните capthca, што е систем кој се осигуруа дека се логира човек, а не машина. Но за разлика од стандардната капча Facebook ќе прикаже неколку слики од вашите пријатели и ќе побара да ги идентификувате, односно да ги поврзете името со личноста на сликата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии