Секој корисник ќе добие своја @facebook.com адреса, но „ова не е убиец на имејл сервисот“, вели Зукерберг, туку е систем кој што го вклучува имејл сервисот и е начинот како ќе се комуницира во иднина.

Социјалниот инбокс ќе ги содржи сите пораки, од SMS пораките, имејл, четот… сите се во друштвеното сандаче кој ќе дава предност на пријателите. Сета останата комуникација од тие што не ви се пријатели во мрежата ќе оди во посебен фолдер.



Секој корисник ќе има целосна историја на четот и пораките со секој пријател. Модерна верзија на „бабината кутија со писма“. Ќе има можност да се архивира комуникацијата која нема да се појави во друштвеното сандаче, и секако опција за целосно бришење на пораките.

Системот ќе се обиде да биде брз при праќањето пораки, ако некој ви прати SMS порака, а вие сте онлајн на четот ќе ја добиете порака на чет, и обратно. Ќе може да се комуницира и преку мобилните апликации со цел да се добие пораката во моментот на испраќање. Но, ќе има и опција за одбирање преку кој сервис да биде пратена пораката.

Овој „модерен систем за пораки“ ќе се објавува поспоро, на почеток ќе биде достапен само со покани, а комплетно достапен ќе биде после неколку месеци.

Интересно, за овој систем е составен тим од 15 инженери, што е најголемиот тим досега кој работел на еден Facebook проект. Дополнително, за потребите на системот за пораки е изградена нова инфраструктура користејќи го системот со отворен код hBase.

12 коментари на “Facebook претстави нов сервис за пораки

  1. А можам и да претпоставам зошто вака, издишано, испадна работата,
    Вакви апликации не се прават за кратко време, мора да ја почнале уште пред неколку месеци, кога Вејв сеуште постоеше. За инат и конкуренција на Google.
    Сега, кога е готова, не им остана ништо друго освен да лансираат, иако веднаш се гледа дека промашиле за едно два километра на друга страна.

    Ok, back to the drawing table…

  2. Премногу концентрација на комуникациски алатка на едно место. Уште тоа недостигаше за да ФБ ја има целосната контрола на секое наше движење

  3. Тоа што ФБ не претстави „вистински“ емаил сервис, туку некаква папазјанија од полу-сварени сервиси (со лук и пиперки), зборува за нивната неспособност да воспостават доверлив сервис.
    Изгледа дека добро се познаваат, како и колку можат, па не се осмелија да им се придружат на големите, останаа во основно школо.

    Можам да замислам што ќе биде и со ова — прашање на момент е кога ќе почнат да течат пораки и инфомрации на сите страни, како од избушено буре, и тоа ненамерно и „ненамерно, жими мајка“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии