Facebook претстави беспилотен хеликоптер со безжичен интернет

Најголемата друштвена мрежа на F8 претстави повеќе интересни новитети. Беспилотното летало кое треба да се распоредува во области зафатени со катастрофа, е едно од поинтересните.

Станува збор за дрон кој ќе биде замена за безжичните антени, кога тие поради непогода не функционираат или се уништени. Леталото ќе биде своевидна „tether“-антена. Леталото е со големина на среден автомобил и директно се приклучува на оптички интернет на земја. Леталото засега е во тест фаза, што значи дека нема да го гледаме во зони зафатени од катастрофа, јави Recode.

Иако заедно со виртуелната реалност ова беше дел од поинтересните презентации, компанијата имаше уште неколку интересни презентации.

Како да не беше премногу и досега, на Messenger ќе му се додатат куп нови функционалности. Апликацијата која започна како едноставна чет платформа, сега има интегрирано куп функционалности. Facebook најпрво ја напрви задолжителна, па додаде платформа за апликации, па започна да интегрира ботови, за на крај да додаде Snapchat функционалности. Дел од новата функционалност е додавање на можност за резервации за ресторани или дирекно споделување на Spotify песни.

Апликацијата на Facebook, која е своевиднаа алатка за колаборативно работење, Workplace, наскоро ќе им биде бесплатно достапна на сите корисници. За жал, подоцна ќе биде поделена на два платежни модели, бесплатен и премиум модел.