Facebook претстави Action Links, нови алатки за интеракција со апликациите

Facebook претстави нови алатки кои ќе им донесат поголема интеракција на брендовите со корисниците преку апликации. Новите Action links на Facebook се линкови кои можат да се персонализираат да им дозволат на корисниците да направат одредена акција со приказните кои се појавуваат во корисничкиот фид за вести или Timeline.

Пример, доколку некој се чекира на Foursquare, и тој статус се појави на фидот за вести, корисникот ќе може да кликне на Save this place и да го зачува местото на To-do листите на Foursquare директно преку Facebook.

Овие линкови ќе овозможат поголема интеракција со апликациите, наместо како до сега само да кликнат лајк или да искоментираат на пост. Action Links исто така ќе им овозможат на брендовите да си ги истакнат своите карактеристични апликации, пример Fab.com има линк за фаворизирање на продукт, NYCCookbook има опција за зачувување на рецептот во апликацијата, наместо само да се лајкови и прегледа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии