Facebook прави повеќе пари од реклами на мобилен, отколку на десктоп

Facebook полека, но сигурно, стана mobile first платформа за огласувачите. Над 80 отсто од парите кои ги заработува Facebook од рекламирање се од мобилните уреди, покажува последниот финансиски извештај.

Социјалната мрежа во последното тримесечје забележа фантастични резултати пред сѐ од шопингот за новогодинешните празници. Во тој период успеа да заработи над 5,8 милијарди долари од кои 4,5 милијарди се од мобилното рекламирање, надминувајќи ја проектираната заработка и заработувајќи 17,9 милијарди долари за цела 2015 година.

Заработката не е случајна, бидејќи над 1,4 милијарди корисници пристапува од мобилна платформа. Од дополнителна помош е и платформата за споделување на слики Instagram на која се рекламираат 98 отсто од компаниите кои се рекламираат на Facebook, вели Fast Company.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии