Facebook повторно го менува начинот на кој ги прикажува објавите на страниците

Facebook наскоро најверојатно повторно ќе го промени начинот на кој ги прикажува непромовираните постови во фидот. Промената се однесува единствено на објавите од Facebook-страниците.

Засега друштвената мрежа го тестира ова во Словачка, Србија, Боливија, Гватемала, Камбоџа. Корисниците од овие држави открија дека неспонзорираните објави од страниците се префрлени во нов „Explore Feed“. Во Explore Feed сега се префлени сите содржини на страниците и брендовите.

Интеракции на најголемите 60 facebook страници на медиумите од Словачка. Image courtesy of https://medium.com/@filip_struharik/biggest-drop-in-organic-reach-weve-ever-seen-b2239323413

Како последица на ова, бројот на ангажирање (engage) е намален помеѓу 60 и 80%. Ако или кога промената ќе стане глобална, добар дел од помалите издавачи можеби ќе бидат уништени, вели Guardian.

Можеби добра вест е дека сега главниот фокус повторно е на пријателите, и за жал на спонзорираните содржини. Она што повторно останува проблематично е придонесот кој друштвената мрежа го има во креирањето на „балони“. Новата промена секако нема да ви помогне да ја слушнете и другата страна ако другата страна не ги промовира своите објави.

Дополнително, промената е исклучиво од финансиски причини, иако Facebook ќе се обидува да го разубави ова. Друштвената мрежа повторно изнаоѓа нови начини да ги „исцеди“ парите од брендовите и големите издавачи. Сепак ова најмногу ќе биде удар за страниците кои до корисниците стигаат преку „organic reach“.  Ако Explore остане како што е сега, најверојатно голем дел од медиумите ќе мора да плаќаат за секоја објава да се појави во фидот.

„Искрено сметам дека корисниците губат многу поради фактот дека содржините од порталите и различните независни медиуми нема да се прикажуваат на почетната страница на Facebook. Ќе видиме, ако некој може да го натера Facebook да ја промени оваа одлука, тоа се огласувачите – на начин на кој ќе го затворат вентилот и ќе престанат да истураат пари во FB огласите. Ако се случи ова ќе има можност Facebook да го повлече овој потег“, вели Марко Мудриниќ, уредник на Netokracija.

Секако Facebook ќе соопшти дека промената е направена за корисницие да можат да ги пронајдат содржините од пријателите.  Сепак и досега на друштвената мрежа имаше доволно начини да се направи ова. Корисниците можеа да одберат „следи“ (Follow) или „See First“ за страниците.

Засега е нејасно какви последици ќе донесе промената. Според Филип Струхарик од словачкиот портал Dennink, промената не влијае никако на најголемите страници во Словачка.

„Навистина големите медиуми имаат многу редовни читатели, силни почетни страници, нотификации, билтени… Па, промените на Facebook не ги допреа. Но, веќе забележуваме пад кај сообраќајот на помалите странци“, вели г. Струхарик на Medium.

Адам Мосери од друштвената мрежа објасни дека не станува збор за глобална промена и дека засега нема планови да биде. Тестовите ќе потраат неколку месеци. Помалку изненадувачки г. Мосери објасни дека промената доаѓа на барање на најголем дел од корисниците кои бараат два фида, еден за пријатели и еден за страници.

„Намерата e јасна: Facebook полека, но сигурно се подготвува да ја измолзе кравата – страниците кои не сакаат да ги следат новите правила (да платат), полека, но сигурно ќе бидат спуштани“, вели Next Web.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии