Facebook потврди дека работи на сателитски интернет провајдер

Најголемата друштвена мрежа наскоро би можела да стане и сателитски интернет провајдер. Компанијата работи на „Project Athena“, сателитски систем за покривање на руралните предели со лоша инфраструктура. Неодамна преку законот за јавен пристап на информации, Wired дојде до документи кој го потврдуваат ова.

Ова е одлична вест, иако неодамна Facebook се откажа од интернет преносот преку дронови (Project Aquila). Она што е интересно е дека и Google се откажа од овие дронови и покрај тоа што компанијата имаше и поголем влог откако го купи производителот на дронови Titan Aerospace. Сепак Google се фокусираше на интернет пренос со балони и од 2019 година Project Loon ќе започне со работа во Кенија.

Facebook најверојатно ќе се обиде да креира сопствен хардвер. Првиот сателит би требало да биде лансиран на почетокот на следната година. Веста ја потврди и претставник на Facebook.

„Иако засега немаме ништо да објавиме за овој проект, веруваме дека сателитите ќе бидат важен дел од следната генерација на инфраструктурата за широкопојасен интернет. Ќе овозможи поврзување до руралните региони каде интернет поврзувањето е лошо или не постои“, вели портпаролот на Facebook.

Секако добра вест е дека две од 10-те најголеми компании без разлика што настапуваат независно една од друга, сепак вложуваат напори за покривање на остаток на светот. Половина од земјата е без пристап до интернет, а овие компании работат целата популација да ја донесат на своите сервиси.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии