Facebook полека се претвара во мобилна мрежа

Дури половина од Facebook препораките (или referral traffic) доаѓаат од мобилни платформи покажува нова анализа на Shareaholics, кој последните пет месеци следи над 250 милиони корисници кои се поврзуваат со 200.000 издавачи. Последниот месец процентот од посети од Facebook е 16,21 отсто од кој од телефони доаѓа дури 8,25 отсто или 51 отсто од вкупниот број на посети. Вкупниот број на посети преку споделените линкови од друштвената мрежа е пораснат за 56 отсто, а бројот на препораки од телефоните дури 197 отсто.

Ова не изненадува никого бидејќи дури 76,83 отсто од интернет корисниците се приклучуваат на друштвената мрежа преку телефони. Што се однесува до заработката на мрежата, дури 53 отсто од заработувачката од рекламите доаѓаат од мобилните уреди. Токму ова ги натера Facebook да го подобрат искуството на корисниците кои пристапуваат преку мобилни телефони со Facebook Paper.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии