Facebook покрај „ми се допаѓа“ ќе додаде и „сакам“ копче

За дека Facebook ќе има „сакам“ копче е познато уште од јуни, но од Facebook конечно му ја најдоа вистинската намена и е исклучиво наменето за избирање на работи и купување на интернет.

Од сега корисниците на своите пријатели ќе може да им ги испраќаат своите желби за купување, така што ќе може да состават своја сопствена листа на желби. Имено, „сакам“ опцијата ќе биде во делот „Collections“ во кој Facebook тестира различни начини на означување на производите на бренд страниците.

Оваа опција можете да ја тестирате на страницата на Pottery Barn Page, Victoria’s Secret и др., но сè уште не е достапна кај сите корисници. Во врска со оваа функионалност, Facebook зa TechCrunch вели:

„Брендовите ги користат Facebook страниците за да споделуваат информации за своите производи преку албуми. Започнавме со тестирање со неколку избрани компании во кои тие ќе можат да ги споделуваат своите производи преку „Collections“. До колекцијата на производи ќе може да се пристапи преку News Feed страницата, а корисниците ќе може да ги означуваат, споделуваат и купуваат директно преку Facebook.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии