Facebook планира „голем“ редизајн на корисничките профили

На својата F8 конференција за програмери, Facebook ќе претстави нов „голем“ редизајн на корисничките профили со цел да овозможи повеќе конзумирање на содржина, пишува Mashable повикувајќи се на два анонимни извори блиски до Facebook.

Facebook веќе направи доста промени пред F8. Го „закачи“ синиот навигацискио тулбар да стои секогаш горе на страната без врска колку и да се прелистува надолу, го промени начинот како се контролира споделувањето содржина, го подобри креирањето на групи за полесно да се следат пријателите кои ве интересираат, овозможувајќи повеќе стримови на вести зависно од контекстот на групирањето наместо сите информации да се на еден фид, и овозможи Subscribe опција за следење на профилите. Со Subscribe опцијата Facebook сега наликува на Twitter, но клучот на овие промени е секако претставувањето на Google+. Некаде прочитав и коментар дека „Google+ е најдоброто нешто што му се има случено на Facebook”, бидејќи Facebook за брзо време го ископира најдоброто и најиновативното од Google+ за да стане уште покорисна друштвена мрежа.

Што се однесува до најавените „големи“ промени на корисничките профили, според Mashable, дизајнот ќе биде „полеплив“ односно ќе има за цел да го задржи корисникот што е можно повеќе на страната.

F8 започнува во четврток, 22.09, со мото „Читај. Гледај. Слушај“. Мотото открива тоа што беше очекувано и потврдено од разни извори. Facebook ќе има и видео и музички сервиси на профилите, најверојано се работи за соработката со Spotify.

Интересно е што се најавува промена на профилите во корист на е-трговијата. Нема многу детали, но најверојатно Facebook Credits ќе бидат поистакнати, со цел луѓето подобро да се запознаат со нив и да научат како да ги користат. Credits се официјалната виртуена валута на Facebook и одличен извор на профит. Друштвената мрежа зема 30 отсто од секоја трансакција со Credits. E-трговијата на Facebook можеби ќе биде поврзана со HTML5 мобилната платформа Project Spartan.

2 коментари на “Facebook планира „голем“ редизајн на корисничките профили

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии