Facebook Olympics Hub ги здружува атлетичарите и корисниците

Facebook го стартува Olympics Hub преку кој корисниците можат да ги најдат фан страните на сите атлетичари и на разните тимови и федерации на омилениот спорт.

Страната на Facebook е едноставна и е налик на веб сајтот кој го стартуваше Олимпискиот комитет преку која може да се најдат друштвените профили на атлетичарите. Ја имате листата на сите спортисти и организации и доволно е само еден клик за да ја „лајкувате“ нивната официјална страна и да започнете да ги следите најновите информации.

Со друштвените мрежи на кои скоро секој атлетичар има профил, корисниците ќе можат да имаат внатрешен човек кој може да сподели поинаков и личен аспект на игрите. Но, само доколку им дозволи Олимпискиот комитет кој има одредено правила и забрани за споделување на слики и видеа од внатре во официјалните олимписки објекти.

Секако, поуспешните спортисти ќе добијат и повеќе фанови, што за нив е одлична промоција.

2 коментари на “Facebook Olympics Hub ги здружува атлетичарите и корисниците

  1. Мала корекција на текстот. Претпоставувам дека во оригиналниот текст постоел зборот “athlete” кој што треба да се преведе како “спортист”, a не како атлетичар, иако во оригиналното значење на зборот “атлетичар” се подразбирало дека станува збор за спортист.

    1. :))) ова е оригиналниот текст, но интересно е како правиш забелешка базирана на твоја претпоставка. Атлетичари е генерално име за повеќето спортисти кои учествуваат на Олимпијадата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии