Facebook официјално има 750 мил. корисници, објави Skype Video

Веќе знаевме дека Facebook надмина 750 милиони корисници, но тоа и не беше толку важно на конференцијата на која Facebook престави Skype видео чет платформа.

Кога стартуваше Google+ минатата недела беше јасно дека Hangout видео четувањето е огромна предност пред Facebook-овиот текстуален чет. Но, изненадувачки Facebook за само една недела стартуваше ист таков видео чет сервис, на кој велат дека работеле претходните неколку месеци со Skype. Се чини Google ги претрка за малку.

Покрај видео четот, Facebook претстави уште неколку можности врзани со четот. Пример, сега
е бидат одбележена корисниците со кои најмногу четувате, со цел полесно да ги најдете и да започете разговор со нив. Ќе има и опција за полесно креирање на чет група само со додавање на пријателите.

Видео четувањето ќе биде достапно за сите 750 милиони корисниците во наредниве неколку недели. Ако не ви се чека може да го пробате тука .

Интересно, Марк Закерберг за време на конференцијата рече дека „Sкype е сега со Microsoft, која е компанија на која и веруваме и која е стабилна“. Microsoft од неодамна го купи Skypе. Видео од презентацијта е подолу.

Watch live streaming video from facebookannouncements at livestream.com

1 коментар на “Facebook официјално има 750 мил. корисници, објави Skype Video

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии