Facebook oбјаснува што е „инстант персонализација“

Интересно, доколку се обидете да ја изгасите инстант персонализацијата, Facebook ќе инсистира дека персонализацијата е за ваше добро, прикажувајќи ви го видеото и водејќи ве кон новиот сајт.

Инстант персонализациајта е процес со кој Facebook сака да ја индексира мрежата, користејќи ги вашите Facebook конекции и интереси, и дозволувајќи на другите веб сајтови да понудат персонализирано сурфање на интернет. Но, тоа не значи дека другите сајтови ги имаат вашите информации.

Вид лимитирана персонализација се и додатоците кои ги има на IT.com.mk под текстот и во десниот таб. Доколку сте логирани на Facebook и го отворите сајтот, ќе ви се прикаже кои од вашите пријатели споделиле некој IT.com.mk текст или дали кликнале Like на текстот што го читате.

Целосната персонализација евентуално значи дека се што правите на мрежата, се ќе биде споделено на Facebook и се што ќе гледате по сајтовите се ќе биде препорачано и таргетирано кон вас според вашите интереси и искуството на пријателите.

1 коментар на “Facebook oбјаснува што е „инстант персонализација“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии