Facebook објасни како Oculus Rift може да ги поврзе пријателите

Подобро и поудобно поврзување со пријателите е причина поради која Facebook се одлучи да го купи Oculus Rift за 2 милијарди долари.

„Виртуелната реалност отвора целосно нов начин за споделување на искуството со тоа што овозможува да споделите чувство на локација и присутност и навистина многу повеќе од она што сме навикнати да го споделиме со телефон или фотографија“, вели Кори Ондрејка во интервју The Verge. Г. Ондрејка е креатор на видеоиграта Second Life, а сега го води инженерскиот тим во Facebook.

Тој е импресиониран пред се од визуелните перформанси на уредот и тоа што речиси веднаш успева да го излаже корисникот дека станува збор за реалност, а не за лажна 3Д-содржина. Токму ова е клучната разлика помеѓу Oculus и сличните уреди кои беа достапни на пазарот пред него.

„Да речеме дека имате пријател кој прави свадба, а вие не може да бидете присутни. Денес ќе добиете текст пораки или видео. Но што ако поставите камера што може да снима се во публиката? Тогаш ќе добиете вистинска можност да бидете присутни, па дури и да разгледате наоколу, тоа ќе биде волшебно“.

Виртуелната реалност ќе направи и потполно различно и да гледаме на Интернет. Човекот не се снаоѓа најдобро кога е во прашање 2Д-просторот. „Луѓето еволуира да функционираат во 3Д околина. Можете да наброите 1.000 работи растурени насекаде во вашиот стан, но неможе да ја запомните структурата на фајловите на вашиот компјутер, па дури ниту иконите на десктопот“.

Се чини дека виртуелната реалност ќе стигне во нашите домови штом бидат подготвени од друштвената мрежа, а изгледа дека Instagram ќе биде првата платформа на која ќе биде достапна виртуелната реалност. А фокусот на тимот на Oculus засега е „како да стигнат до она што сите го очекуваат од него побрзо и со подобар производ“?

[youtube]INDKNA7kXoo[/youtube]

1 коментар на “Facebook објасни како Oculus Rift може да ги поврзе пријателите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии